Последни написи

Биљана Ангелова од Економскиот институт избрана е за нов ректор на УКИМ

Професорката Биљана Ангелова од економскиот институт е избрана за нов ректор на најголемиот и најстар универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“.

Таа е втора жена ректор на УКИМ по Радмила Кипријанова и доаѓа на местото на Никола Јанкуловски, кој два мандати беше прв човек на УКИМ.

За професорката од Економскиот институт гласале 1961, додека за второ рангираниот проф. Димитар Ташковски од ФЕИТ гласале 904.

Редовни, вонредни професори, доценти и студенти – членови на универзитетски студентски собранија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска избираа прв човек на најстарата високообразовна институција во државата.

Во трка беа деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев, потоа, проф. д-р Горан Ајдински исто така од Филозофскиот факултет, проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и актуелна проректорка за настава, проф. д-р Димитар Ташковски исто така од ФЕИТ, проф. д-р Атанас Кочов од Машински факултет, како и актуелната проректорка за финансии, проф. д-р Биљана Ангелова.

Ангелова во економскиот институт е вработена од 1992 година, во 2007 година првпат е избрана во највисокото научно звање научен советник/редовен професор во областа на деловни финансии, а од јуни 2016 година досега беше проректор за финансии, инвестиции и развој на УКИМ. Во овој период беше и претседател на комисиите за финансии и за издавачка дејност на универзитетот.

(Извор: 24инфо)

Latest Posts

Не пропуштај