Последни написи

Претседателката на Молдавија најави центар за борба против дезинформации, руска пропаганда и хрибридни напади

Претседателката на Република Молдавија Маја Санду денес најави нова законска иницијатива за создавање на Национален центар за информациска одбрана и борба против пропаганда „Патриот“.

„Пропагандата е директна закана за безбедноста на Република Молдавија и ја загрозува слободната, демократска и просперитетна иднина на земјата. Оние кои лансираат и шират невистини сакаат да предизвикаат страв, омраза и поделби. Секојдневно, Кремљ и криминалните групи лансираат хибридни напади, користејќи го оружјето на пропагандата, за да сејат омраза во Молдавија, да ја ослабат нашата меѓусебна доверба и довербата во сопствената држава“, објави Маја Санду на нејзината фејсбук страница.

Санду истакна „мора да ја одбраниме Молдавија од информативни напади и да го зголемиме отпорот на граѓаните кон дезинформации“.

Според претседателката на Молдавија, „Центарот ПАТРИОТ ќе има мисија да ја координира државната политика во областа на информациската безбедност и борбата против дезинформациите на национално ниво“.

Latest Posts

Не пропуштај