Одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 0,65 отсто во однос на претходната одлука, донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).
Од ноќеска на полноќ за половина денар ќе поскапат бензинот Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство. За 0,742 денари се зголемува и цената за килограм мазут.
Останатите горива ќе останат со непроменети цени.
Од вечерва на полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,5 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68 денари/литар
Мазут М-1 НС 40,175 денари/килограм
(Извор: Мета.мк)