Последни написи

Николовски во Вермонт: Отвораме можност за пласман на нашите производи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски е во посета на Вермонт, САД. При посетата на фармата Borderview договорена е помош во трансформација, обука и експертиза на советодавните тела во земјоделството во нашата земја.

„Заедно со Секретарот за земјоделство, храна и пазари на Вермонт, Anson Tebbetts ја посетивме фармата Borderview која е дел од Универзитетот Вермонт каде се вршат научно истражувачки дејности директно од професори и вработени во универзитетот. Заедно договоривме нивна помош во трансформација, обука и експертиза на советодавните тела во земјоделството кај нас, кои е потребно да бидат целосно вклучени на терен во целиот производствен процес.“, рече Николовски.

 

При посетата на фармата за производство на кашкавал и млеко Стони Понд покрај разменувањето искуства и знаења, отворена е и можност за пласман на македонски производи во Вермонт.

„Имав прилика да ја посетам фармата за производство на кашкавал и млеко Стони Понд во Вермонт. Заедно со секретарот за земјоделство храна и пазари Anson Tebetts направивме обиколка и го видовме начинот на производство на овие производи. Разменивме искуства и знаења, и ја отворивме можноста за пласман на нашите македонски производи во Вермонт.“, рече Николовски.

Во интервју за NBC министерот Николовски ја искажа благодарноста за прекрасното гостопримство од секретарот за земјоделство и храна Anson Tabbets, но истовремено и честа да разговара за различните искуства околу производството и преработка на земјоделските производи.

„Имаме многу што да научиме едни од други, и да имплементираме кај нас дома. 30-годишното партнерство со Вермонт го зајакнуваме и уште повеќе го зацврстуваме во делот на размена, искуства и знаења во земјоделството.“, рече Николовски.

Извор: Агротим.мк

Latest Posts

Не пропуштај