Последни написи

Балканот го очекува топло лето, но и врнежи – Каква е состојбата со посевите?

Според мајското издание на билтенот JRC MARS – Crop Monitoring in Europe, периодот од 1 април до 15 мај беше обележан со временски услови кои покажаа отстапувања од просекот. Во зависност од областа, условите беа или повлажни или посуви.

Посевите генерално имаат шанси за добар принос, освен на Пиринејскиот Полуостров каде што континуираната суша ги погоди Шпанија и Португалија. Таму, прогнозите за принос за сите главни култури паднаа далеку под лошите нивоа од минатата година.

Влажните услови во многу други делови на Европа ја одложија сеидбата на летните култури, но во исто време го подобрија нивото на влага во почвата. Значителните вишок врнежи од дожд и/или постудено време од вообичаеното резултираа со доцнење на сеидбата и го нарушија ритамот на другите теренски работи во големиот појас што се протега од Ирска до Бугарија и Украина.

Северозападна Италија е погодена од обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави, лизгање на земјиштето и кал. Земјоделското производство во оваа област претрпе големи штети, особено кога станува збор за површините со пченица и јачмен и трајните насади.

И покрај екстремно контрастните временски услови, се очекуваат добри приноси во повеќето региони на ЕУ. Негативните ревизии главно се должат на влошените изгледи во Шпанија и Португалија.

Во Централна Европа, Италија, Балканскиот Полуостров, Белорусија и Украина, како и во јужна Скандинавија и делови од северниот регион, забележани се малку посвежи услови од вообичаеното со аномалии на дневната просечна температура помеѓу 0,5°C и 2°C.

Дневни температури од два до четири степени под просекот се забележани во делови од западна Турција и на Балканскиот Полуостров.

Каква е состојбата со посевите?

Пролетната сеидба на јачмен во Полска, Австрија, Чешка, Словачка, Словенија и Хрватска беше завршена и покрај влажните и студени услови во текот на април. Меѓутоа, во многу области на овие земји таквото време не беше поволно за ран развој. Сеидбата на шеќерна репка беше одложена, како и на пченката во повеќето источноевропски земји.

Сеидбата на сончоглед беше одложена и поради честите дождови и релативно пониските температури во април забележани во Хрватска, Австрија, Чешка и најзападните делови на Словачка. Со сојата доцнеше во источните и централните делови на Европа.

Балканот го очекува топло лето, но и врнежи

Долгорочната временска прогноза, особено за јуни и јули, но и за август, укажува дека во поголем дел од Европа ќе биде потопло од вообичаено.

Ова ќе биде проследено со евентуално повлажни услови од нормалните во многу делови од Јужна и Централна Европа и Балканскиот регион, особено во август, се вели во соопштението.

(Извор: Agrotim.mk)

Latest Posts

Не пропуштај