More

    Приватните превозници од утре се вклучуваат во јавниот превоз

    Денеска в.д. директорот на ЈСП Скопје, Крсте Петревски, го потпиша договорот со приватните превозници, и од утре 105 автобуси ќе сообраќаат на скопските улици.

    Од ЈСП Скопје информираат дека приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик.

    „Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса“, велат од ЈСП Скопје.

    (Извор: Мета.мк)

    Exit mobile version