Последни написи

Маричиќ за „Детектор“: Одговорноста за ЕУ е кај секој пратеник, преговарачката рамка нема да се менува

Единствен план е да обезбедиме најмалку 80 пратеници коишто ќе гласаат за уставните измени, рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во гостувањето во емисијата „Детектор“ на ТВ Сител.

„Одговорноста на секој пратеник ќе биде на крајот на тој процес да одлучи дали нашата држава да оди во ЕУ или да остане каде што е сега. Дали сакаат да излезе како сценариото во Бугарија, каде што некои не сакаат ние да успееме за да можат да не тргнат на страна и да не тормозат уште 20 години, или ќе го завршиме ова и ќе ги придобиеме сите уште еднаш на наша страна и Бугарите ќе ги изгубат сите аргументи. Во однос на тезата за репреговарање или ако испорачаме реформи немало да треба да се менува Уставот, верувајте премногу наши пријатели од силни држави дојдоа тука и кажаа јавно дека договорената и усвоена рамка нема повеќе да се менува. Треба да
бидеме искрени“, истакна Маричиќ.

Тој смета дека домашните политичари сакаат земјава да биде дел од пакетот кога ќе се отвори вратата првиот следен пат за нови членки во Унијата.

„Други алтернативи нема, тие или се неразвиени или не се добри“, потенцираше Маричиќ, додавајќи дека сме имале неправеден пат кон Унијата, но дека е битно да имаме јасен план за членство во Унијата и од страна на Брисел.

Според него, реална е целта за зачленување во 2030 година и за таа цел треба да се работи и да се исполнуваат обврските.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај