Последни написи

Утре истекува договорот за украинското жито, неговото продолжување под знак прашалник

Контактите за продолжување на договорот за извоз на жито преку пристаништата на Црното Море продолжуваат, но многу прашања во врска со спроведувањето на делот од договорот за извоз на руски производи сè уште остануваат нерешени, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков изјави дека Москва ќе извести за својата одлука за договорот кога тој ќе биде донесен, пренесе ТАСС.

Договорите за извоз на земјоделски производи и минерални ѓубрива од Украина преку црноморските пристаништа на меѓународниот пазар беа склучени на 22 јули минатата година на 120 дена, а во ноември беа продолжени за ист период.

Еден од договорите го регулира редоследот на испорака на жито од пристаништата во Одеса, Черноморск и Јужни, кои се под контрола на Киев.

Русија и ОН потпишаа меморандум за укинување на ограничувањата за извоз на руски земјоделски производи и ѓубрива на светските пазари.

Москва напоменува дека вториот дел од договорот не се спроведува, пренесува руската агенција.

На 18 март Русија објави дека договорот е продолжен за 60 дена, велејќи дека тоа ќе биде доволно време да се оцени ефикасноста на меморандумот потпишан со ОН.

На 10 и 11 мај, претставниците на Русија, Турција, Украина и ОН во Истанбул разговараа за продолжување на договорот за жито и за спроведување на дел од договорот за извоз на руски жита и ѓубрива.

По преговорите не беа објавени одлуки за продолжување на договорот или разгледување на барањата на Москва.

(Извор: Agrotim.mk)

Latest Posts

Не пропуштај