Последни написи

Алиу: Целосната дигитализација и промена на односот меѓу администрацијата и граѓаните е иднината на јавните услуги

„Дигиталната трансформација, која фундаментално ги менува односите на државата со граѓаните, поставувајќи ги темелите на безбеден антикорупциски систем во понудените услуги, е наш приоритет како Влада. Целосната дигитализација и промена на односот меѓу администрацијата и граѓаните е иднината на јавните услуги“, истакна денеска Министерот за информатичко општество и јавна администрација Азир Алиу, кој заедно со Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, информираше за почетокот на издавање на уверение за државјанство во електронска форма на Една Точка за Услуги – Скопје.
Алиу укажа дека „нашето министерство до крајот на годината ќе дигитализира над 150 услуги кои ќе бидат достапни на националниот портал www.uslugi.gov.mk и ќе им овозможуваат на граѓаните да дојдат до услуга брзо и ефикасно“.

Latest Posts

Не пропуштај