
На темата преку низа говори, презентации и дискусии зборува говорници од различни области, меѓу кои и г. Димковски – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. С. Македонија, г-ѓа Ѓошева Ковачевиќ- Земјоделски институт- Скопје, а на панел дискусијата учествуваа еминентни професори– експерти на темата и носители на иницијативи, зелени социјални бизниси кои разговараа за проблемите и потенцијалот на македонските почви. На настанот, гостите од БиоСенс Институт (Србија) го презентираа овој голем европски проект со посебен акцент за повиците за грантова поддршка кои следуваат.
„Иако ја земаме здраво за готово, почвата е кревок, необновлив ресурс во нашиот животен век кој треба да се чува за идните генерации и со кој треба внимателно да се управува. Последните истражувања покажуваат дека 60-70% од почвите во Европската Унија не се здрави. Европската Унија преку посебната мисија за почвите повикува на ре-акција, и настанот има за цел да пренесе пораки и да презентира грантови шеми за поддршка.“, беше потенцирано на настанот.
(Извор: Agrotim.mk)