More

    Претставени првите пронајдоци во новата лабораторија за биотехнологии

    Над 30 учесници на првиот Експо ден во СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје ги претставија пронајдоците направени во првата биотехнолошка лабораторија во земјата подржана од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје.

    На настанот, на кој присуствуваше заменичката на регионалната директорка на УНДП, Марина Валтер, постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан и претставници на Град Скопје беа прикажани разновидни биотехнолошки прототипи, резултати од експерименти со обработка на биолошки отпад.

    Во фокус на стартапите се нови козметички органски производи, производи од прехранбената индустрија, производство на кујнски прибор од органски материјали и иновативни производи и храна за домашни миленици. Исто така, на стартапите дополнително се нуди можност за бизнис профилирање и бесплатна менторска поддршка преку онлајн бизнис платформата www.bizz4all.mk.

    Фото: УНДП

    Во лабораторијата за биотрансформации во изминатиот период се одвиваа две програми со една цел, трансформација на биоотпадот, кревање на свеста за биотехнологиите и нејзините можности.

    Првата програма, „Биолошки отпад за една индустрија, ресурс за друга“ вклучува над 30 мали, средни и големи компании кои гу претставија своите продукти од биоотпад и начините на биотрансформација.

    Предизвикот “Bio Hack My World 2023”, пак, е инкубаторска програма за развој на идеи за трансформација на биоотпад, наменета за стартапи, ученици, млади иноватори, ентузијасти и вљубеници во науката.

    Фото: УНДП

    Новоопремената лабораторија за биотрансформации подджана од УНДП и УНИЦЕФ заедно со Град Скопје, служи како центар за поттикнување љубопитност и инспирaција за заедницата на претприемачи, каде млади луѓе, едукатори и ентузијасти имаат можност да иновираат и експериментираат во доменот на пренамена на моделите на биоотпад и циркуларната економија.

    (Извор: Мета.мк)

    Exit mobile version