Поранешниот премиер, Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изјави дека граѓаните ги видоа бенефитите од Преспанскиот договор.
„Двете земји сега имаат значително зголемена соработка, особено во енергетскиот сектор. Сега се е отворено и имаме многу повеќе инвестиции од Грција во Северна Македонија“, изјави Заев во интервјуто.
Тој додаде дека и во периодот на корона-кризата, Грција беше тука да ни помогне со вакцините, а сега се гради заеднички енергетски пазар.
„Со заедничкиот енергетски пазар ќе бидеме поиздржливи и поподготвени за идните енергетски кризи. Ние сме мал регион и ако работиме заедно ќе бидеме посилни“, оцени Заев.
Експремиерот додаде дека е благодарен што грчката Влада предводена од Мицотакис се бореше за Северна Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија.
„За тоа служат пријателите и ние сме навистина благодарни за тоа, граѓаните го ценат тоа“ рече Заев во интервјуто за „Катимерини“.
Р.С