Последни написи

Над 20 пријави од ученици-жртви на насилство за една недела, ќе ги решаваат инспектори

Директори на основни училишта со кои разговараше Мета, велат дека по масакрот во белградското училиште, засилени се средбите со родители, наставници, а зголемен е и бројот на едукативни работилници на оваа тема, со цел да се заштитат децата од насилство и малтретирање на училиште.

Една недела откако се во функција електронските адреси prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk, стасале дваесетина пријави од ученици кои биле жртви на меѓуврсничко насилство во училиште, а испратени се и сугестии од професори за тоа како да се превенира меѓуврсничкото насилство.

Директори на основни училишта со кои разговараше Мета, велат дека по масакрот во белградското училиште, засилени се средбите со родители, наставници, а зголемен е и бројот на едукативни работилници на оваа тема, со цел да се заштитат децата од насилство и малтретирање на училиште.

„Пристигнати се 20 пораки, дел се сугестии од поранешни професори за како да се влијае на меѓуврсничкото насилство, а дел се пријави од ученици дека биле жртви на одредена форма на меѓуврсничко насилство. За овие случаи надлежност има Државниот просветен инспекторат (ДПИ)“, информираат од МОН за Мета.

ДПИ: Не би ги коментирале случаите 

Мета се обрати и до Државниот просветен инспекторат, од каде што рекоа дека не водат статистика за бројот на случаи на булинг по кој постапиле, бидејќи секој случај го третирале согласно спецификите на истиот.

„Инспекторатот постапува по секоја добиена инцијатива за вршење инспекциски надзор. Секој случај си има своја специфика, без разлика за каков вид насилство се работи. Оваа година сме имале неколку иницијативи за вршење вонреден надзор во врска со насилство во училиште. Не би коментирале случај по случај, можеме само да резимираме дека е постапувано од наша страна по сите добиени претставки, а сме постапувале и по иницијатива односно по допрен глас од медиуми. Секаде каде што е утврдена неправилност преземени се мерки или пак е дадено укажување за отстранување на констатираната неправилност“, велат оттаму.

Според Законот за основното образование, директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните институции.

„Постапката за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт – упатство, предложен од БРО, а донесен од министер“, информираат во Просветниот инспекторат.

Оттаму додаваат дека во врска со врсничкото насилство, вршат редовни и вонредни надзори.

„Вонредните надзор се вршaт врз основа на иницијатива од страна на ученици, студенти, родители, совет на родители, вработени во воспитно-образовната установа и од други граѓани“, велат во ДПИ.

Оттаму потенцираат дека стручните служби мора да работат на превенција.

„Има случаи, но ги решаваме во училиште“

Димитар Ѓоргиев, директорот на училиштето за средно образование „Михајло Пупин“, за Мета вели дека по крвавиот настан во Србија, стручната служба позачестено организира средби со учениците. Во ова училиште учат 893 ученици во сите наставни години.

„Обично се работи за случаи на вербално насилство или некоја закачка, не се тоа некои многу сериозни случаи. Досега не сме имале потреба да информираме други надлежни институции за да ни решаваат проблеми. Кога има ситуација, ги повикуваме родителите на ученикот кој го вршел насилството, и секогаш доаѓаат. Сè се решава во училиштето“, вели директорот.

400 евра казна за родителот ако ученикот малтретира наставник 

Во законите за основно и за средно образование, предвидени се казни за родителите, директорите и за училиштата како правни лица, во случај на насилство и малтретирање. Согласно членот 66 од Законот за основно образование, директорот е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните институции.

Во казнените одредби стои дека казна од од 401 до 500 евра ќе му се изрече за
прекршок на директорот на основното училиште, ако се врши телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него.

Во Законот за средно образование, е наведено дека казна во износ од 1.600 евра ќе му се изрече за прекршок на средното училиште, ако телесно казни ученик, односно психички го малтретира. Со казна од 350 до 400 евра се соочува родителот, ако тој или неговото дете врши телесно или психичко малтретирање на наставникот или стручниот соработник.

Шестоодделенец носел нож на училиште 

Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром минатата недела шестоодделенец носел нож на училиште. Случајот го потврди и директорката Анета Велковска, која за Мета кажа дека ученикот го носел ножот, но не се заканувал со него. Од МОН денеска информираа дека е одреден стручен надзор над ученикот за време на наставата.

„Донесена е одлука, вработени од стручната служба во училиштето ќе присуствуваат на часовите и ќе обезбедуваат поддршка на наставниот кадар во работата со ученикот, но и ќе работат директно со ученикот во насока на подигнување на неговата концентрација кон наставната материја и градење на подобар однос кон соучениците. Граѓаните треба да се охрабрат да пријавуваат било какви форми на насилство меѓу младите во училишните објекти, како и надвор од нив, но и да имаат доверба дека за секоја пријава ќе има соодветен исход“, наведено е во соопштението на МОН.

Училиштето е должно да ги штити жртвите

Од 2020 година, МОН има усвоено Упатство за постапката при пријавување и заштита на ученик жртва на која било од формите на насилство, злоуотреба и вознемирување. Ова упатство е наменето за училиштата како да постапуваат ако има случаи на малтретирање во училиште.

Направена е и категоризација на насилството, во три нивоа, претставени на илустрациите што следуваат:

Фото: Принскрин од Упатството за постапката за пријавување насилство
Фото: Принскрин од Упатството за постапката за пријавување насилство
Фото: Принскрин од Упатството за постапката за пријавување насилство

Извор: Мета.мк

Latest Posts

Не пропуштај