Последни написи

Преку селективен брифинг, Арсовска се скри од дел од медиумите

Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска имала брифинг со новинари во ресторанот „Воденица“, на кој било соопштено дека автобусите на приватните превозници за една недела ќе може да се вклучат во скопскиот јавен превоз. Мета.мк не доби покана за присуство на денешниот брифинг со градоначалничката Данела Арсовска, а веќе во неколку наврати од Градот Скопје нашата редакција не добива одговори на доставените барања за информации на теми кои се од јавен интерес за граѓаните.

Од информациите кои ги имаат објавено другите медиуми за јавниот превоз, избрани се трите фирми од Градот Скопје со кои приватните превозници учествувале на огласот за доделување пакет линии во јавниот градски превоз.

Градот Скопје во првата половина од април годинава по четврти пат распиша јавен оглас за доделување пакет линии и за давање дозволи за линиски превоз на патници во скопскиот јавен превоз. Ова е четврти јавен повик за повторно ангажирање на приватните превозници на градско-приградските линии, откако пропадна и мартовскиот повик.

Јавниот повик се однесуваше за вкупно 16 линии, односно за линиите со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73. За одржување на овие линии приватните превозници требаше да обезбедат 115 автобуси и 245 возачи. Крајниот рок за поднесување на пријавите од страна на приватните автобуски превозници беше 24 април.

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај