More

    Потпишан е Меморандум меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на Вашингтон оствари средба со Џејмс П. Рубин, специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент.

    На средбата Ковачевски и Рубин потпишаа Меморандум меѓу САД и Северна Македонија за создавање стратешко партнерство за борба против дезинформации, што ќе им овозможи на САД и Северна Македонија интензивна соработка во спротивставување на манипулациите со информации и борбата со дезинформации.

    Северна Македонија и САД трајната врска ја градат врз заеднички вредности и принципи како слободата, демократијата, правдата и владеење на правото. Претседателот на Владата изразил благодарност за соработката и ја потенцираше важноста на Меморандумот констатирајќи дека ова претставува огромна поддршка за Северна Македонија во градењето цврста демократија.

    На средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, премиерот Ковачевски ја нагласил важноста од досегашната поддршка на САД за продолжување и интензивирање на реформскиот процес за натамошна демократизација на нашето општество, веладеење на правото, борба со корупција и криминал, што е значајно охрабрување во процесот на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

    Престедателот на Владата истакнал дека реформите за владеењето на правото и борбата против корупција се највисоки приоритети. Премиерот потенцирал дека Владата на Северна Македонија високо ја цени американската поддрршка за развојот на антикоруптивни стратегии за секоја земја од Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија, како поддршка на националните антикоруптивни стратегии кои се веќе креирани во многу области.

    На средбата Ковачевски посочил дека демократските институции на Северна Македонија, инклузивната и мултиетничка демократија се стимул за земјите од Западен Балкан и му покажуваат на регионот дека демократијата ги негува условите што се потребни за да се промовира непрекината безбедност и просперитет.

    Извор: vlada.mk

    Exit mobile version