Последни написи

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА НАЈАВИ ПОДДРШКА ОД ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вчера организираше работна средба со членовите на Здруженијата на лица со ретки болести од Битола, со цел согледување на нивните потреби и проблемите со кои се соочуваат, како и овозможување на локална поддршка, додека се чека спроведување на повеќе решенија на национално ниво.
На средбата се разговарало за создавање можности, потребната месечна терапија лицата со ретки болести да ја подигнуваат од битолската клиничка болница, наместо секој месец да патуваат во Скопје. Како посебен проблем беше потенциран превозот, каде покрај финансиските трошоци, тешкотии претставуваат и архитектонските бариери, за лицата кај кои ретките болести предизвикале и физичка попреченост.
Високата цена на ортопедските помагала е уште едно оптоварување за овие лица, кои очекуваат од државата, да се овозможат дополнителни поволности за набавка на помагала соодветни на потребите на лицата со попреченост.
Градоначалникот Коњановски на средбата најавил дека со ребалансот на буџетот, на седница на Советот на општина Битола ќе побара да бидат издвоени еден милион денари за поддршка на лицата со ретки болести.

Latest Posts

Не пропуштај