More

    САД, Велика Британија, Франција…каде сè се изучува македонскиот јазик низ светот?

    Денеска е 5ти мај – Денот на македонскиот јазик откако Владата во 2019 година реши да го воведе овој ден како празник од работен карактер во чест на 5ти мај 1945 година, денот кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

    Оттогаш и започнува меѓународната потврда и афирмација на македонскиот литературен јазик, а дваесеттина години подоцна македонскиот јазик почнува да се изучува на факултетите во десетици различни држави.

    Денес постојат вкупно девет лекторати по македонски јазик. Од нив по два има во Полска и Турција, додека по еден лекторат има на универзитетите во Франција, Унгарија, Русија, Хрватска и Романија. Оваа година треба да бидат отворени и лекторати во Албанија, како и во Пекинг, Народна Република Кина.

    Покрај лекторатите, постојат и центри за изучување на македонски јазик во САД, Велика Британија, Канада, Полска, Русија, Србија, Словенија, Словачка и Чешката Република.

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version