Група од неколку земји членки на ЕУ решија да гио ставаат на маса контроверзното прашање за одлучување со едногласност во сферата на заедничката надворешна политика. Групата на пријатели како што се нарекуваат овие земји членки сметаат треба да се поттикне гласањето со квалификувано мнозинство во Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ.

Целта на Групата на пријатели е да ја подобри ефективноста и брзината на нашето одлучување во надворешната политика. Во контекст на руската агресивна војна против Украина и растечките меѓународни предизвици со кои се соочува ЕУ, членките на Групата се убедени дека на надворешната политика на ЕУ и се потребни адаптирани процеси и процедури со цел да се зајакне ЕУ како надворешнополитички актер. Подобреното одлучување е исто така клучно за да се направи ЕУ поефикасна за иднината, се вели во соопштението на Групата на пријатели која ја сочинуваат Белгија, Финска, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Холандија, Словенија, Шпанија.

Групата има за цел да постигне напредок во однос на поефикасното одлучување во ЗНБП на прагматичен начин, фокусирајќи се на конкретни практични чекори и градејќи се на одредбите кои се веќе предвидени во Договорот за Европската унија, се вели во ова заедничка изјава на 9 земји членки на ЕУ.
Членките се согласија редовно да прават сметка и ја истакнаа потребата за тесна соработка со сите земји-членки на Европската унија, како и за координација со институциите на ЕУ. Сите земји-членки на ЕУ кои сакаат да постигнат напредок во донесувањето одлуки за Заедничката надворешна и безбедносна политика, особено зголемената употреба на квалификуваното мнозинско гласање, и без предрасуди за поширока дебата за квалификувано мнозинство во други политички области, се добредојдени да се приклучат на Групата, стои на крајот од оваа заедничка изјава.

Правилото за едногласност во одлучувањето Македонија силно го осети на своја “кожа” . ЕУ исто така се соочи во неколку наврати со блокади од Унгарија во однос на полтиките кои ги спроведува кон Русија и руската агресија во Украина а консензуалното одлучување е и една од пречките за нов бран на проширувањето поради тоа што голем број на земји членки стравуваат дека по приемот на новите членки одлучувањето со едногласност ќе ја блокира целосно ефикасноста на заедничката надворешна политика на ЕУ.

Б.Ј

(Извор: Novatv.mk)