Последни написи

„Рузвелтова“ остана без вело патеки и со една функционална лента (фото)

Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата „Френклин Рузвелт“ на потегот од крстосницата со булевар„Партизански одреди“ до крстосницата до булевар „Илинден“.

Но и покрај реконструкцијата, оваа важна сообраќајница во центарот на Скопје остана без обезбедена велосипедска патека, а на многу места едната сообраќајна лента е нефункционална затоа што има паркирани автомобили.

Реконструкцијата на „Рузвелтова“ без да бидат изведени велосипедски патеки обезбедени со столпчиња наиде на негативни коментари на граѓани и вљубеници во велосипедизмот.

Проблемот во главниот град со паркираните возила по коловозни и велосипедски ленти станува се поголем иако МВР и надлежните паркинг претпријатија секојдневно казнуваат стотици возачи за непрописно паркирање и застанување.

(Извор: 24инфо)

Latest Posts

Не пропуштај