Последни написи

Николовски: И оваа година обезбедуваме здрава ужинка за секое дете

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека како и минатата година, и оваа ќе биде обезбедна здрава ужинка за децата од предучилишна возраст

„И оваа година обезбедуваме здрава ужинка за секое дете. Ја финализираме програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година. Одвојуваме двојно повеќе средства од буџетот, 40 милиони денари за откуп, дистрибуција и пакување на кајсија, праска, слива, круша, и јаболко од реколта 2023 година, до јавни установи на деца од предучилишна возраст. Продолжуваме да го помагаме и поддржуваме македонското земјоделство.“, рече Николовски.

Во рамки на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, кој го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, минатата година беа дистрибуирани 370 тони јаболка низ основните училишта ширум државава.

(Извор: Agrotim.mk)

Latest Posts

Не пропуштај