More

    Лариса Дир: Русија изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57 украински и странски новинари беа убиени, десетици се во руско заробеништво

    Заштитата на слободата на говорот, слободното изразување на ставовите и создавањето поволна средина за работата на новинарите отсекогаш биле составен дел на украинското општество, се вели во изјавата на МНР на Украина на Светскиот ден на слободата на медиумите.

    Овие принципи всушност беа уништени од русија на привремено окупираните украински територии по почетокот на руската агресија во 2014 година. Војната од големи размери што рф ја започна против нашата држава во февруари 2022 година е придружена со уште побрутална репресија против независното новинарство.

    Според информациите на Институтот за масовни информации, во текот на четиринаесетте месеци од почетокот на инвазијата, рф извршила повеќе од 500 злосторства против новинарите и медиумите во Украина.

    Првиот чекор на државата-окупатор на окупираните територии беше да ги изолира од украинскиот информативен простор, да го исклучи радио и телевизискиот сигнал, да ја блокира работата на националните интернет оператори и мобилниот сообраќај.

    Руските окупатори исто така вршат убиства и прогонување на новинари, претреси во просториите на редакции и фактичка принуда да се запре новинарската работа. Списокот на злосторства извршени од руската федерација против масовните медиуми во Украина, исто така, вклучува гранатирање и запленување на ТВ-кули, хакерски напади на сајтови со информативни ресурси.

    Катастрофална е ситуацијата со слободата на говорот на привремено окупираниот Крим. Речиси секој месец се изрекуваат незаконски казни за кримските татари кои се наоѓаат во затворите на територијата на руската федерација и на окупираниот Кримски полуостров, меѓу кои има и граѓански новинари. Овој феномен се појави на почетокот на нелегалната окупација на Крим, кога обичните луѓе почнаа да ги прикажуваат фактите за политички прогон на украинските граѓани и станаа предмет на репресија од страна на руската окупациска администрација. Во моментов, 15 украински граѓански новинари се наоѓаат зад решетки под лажни обвиненија од страна на русите.

    Ја повикуваме меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Русија поради убиства, тортура и прогон на новинари, сузбивање на развојот на слободна и безбедна средина за работа на медиумите на привремено окупираните украински територии.

    Медиумите на државата агресор треба да бидат лишени од правото да шират лажни информации за војната што ја започна руската федерација, да не можат да ги сокријат последиците од нападите на украинска територија, да ја оправдаат смртта на цивилното население и намерното уништување на инфраструктурата и културните објекти на Украина.

    Исто така им благодариме на сите украински и меѓународни новинари кои, ризикувајќи ги сопствените животи, секојдневно работат во воените зони за да ја соопштат вистината за руските воени злосторства во Украина. Ниту едно злосторство против членовите на медиумите не треба да остане без соодветна истрага, а неговите сторители треба да бидат праведно казнети.

    И украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на Светскиот ден на слободата на печатот на својот Твитер профил објави дека Руската федерација изврши повеќе од 500 злосторства против новинарите – 57 украински и странски новинари беа убиени, десетици се во руско заробеништво. Искрено им благодариме на македонските новинари кои вистинито ја покриваат руската агресија против Украина, останувајќи во одбрана на европските вредности. Духовен подвиг.

    Подготви: Д. Мишев

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version