More

    Литар дизел од полноќ ќе чини 69 денари

    Малопродажната цена на Eуродизел се намалува за 2 денари за литар и од полноќ ќе изнесува 69 денари, Eуросупер 95 ќе чини 80 денари за литар, а Eуросупер 98 ќе чини 82 денари, информира денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

    „Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,834 отсто, кај дизелот за 3,9 отсто, кај екстра лесното масло за 0,58 отсто и кај мазутот намалувањето е за 0,63 отсто“, наведено е во соопштението од РКЕ.

    Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,362 ден/кг и сега ќе изнесува 41 денари за килограм.

    Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

    (Извор: Мета.мк)

    Exit mobile version