More

    Казнета руска пекарка поради антивоени колачи украсени во бои на украинското знаме

    Руската пекарка, Анастасија Чернишева беше обвинета за „дискредитација“ на руските вооружени сили и казнета затоа што ја „дискредитирала“ војската на Путин откако направила антивоени колачи.

    Анастасија Чернишева почнала да споделува фотографии од колачи украсени во жолто и сино на украинското знаме на својот Инстаграм профил два месеци по инвазијата на Русија врз Украина.

    Kако што пренесува британски Телеграф, една торта во форма на фалус била украсена со фразата „F–k war“.

    Чернишева беше приведена претходно оваа недела, објави веб-страницата за следење на полицијата ОВД-Инфо, цитирајќи ја нејзината адвокатка Јулија Евдокимова.

    Таа беше пушена од притвор откако беше обвинета за „дискредитирање“ на руските вооружени сили, злосторство што го воведе Кремљ по инвазијата на Украина за да се запре јавното противење на војната и во петокот и беше наредено да плати казна од 35.000 рубли (345 фунти) откако беше прогласена за виновна во московскиот окружен суд Измаиловски.

    Фото. Анастасиа Чернишева/ Telegraph.co.uk

    Чернишева рече дека нема да ја оспори казната и дека обвиненијата не ја изненадиле.

    „Имав неколку бранови проруски коментари дека припаѓам во затвор. Отпрвин се изнасмеав… Но во одреден момент помислив дека, навистина, ќе дојдат по мене поради колачите, а потоа ќе постапам според околностите. И така, дојдоа“, изјави таа за Новаја Газета Европа.

    На пекарката и се заканува кривично гонење и затворска казна доколку биде обвинета по втор пат.

    Некои од нејзините торти се продадени на аукција за добротворни цели, вклучително и донации за Евгениј Роизман, опозициски политичар.

    Нејзиниот случај е последен во серијата казнени мерки преземени против противниците на војната во Русија.

    На почетокот на овој месец гласниот критичар на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, беше осуден на 23 години затвор под обвиненија кои вклучуваат предавство за критичките коментари што ги даде во врска со инвазијата на Русија. Поранешниот руско-британски новинар и политичар беше уапсен во април 2022 година, само неколку часа откако даде интервју за Си-Ен-Ен, во кое рече дека Русија е управувана од „режим на убијци“.

    Предходно, на пошетокот на март, русинот Алексеј Москаљов беше приведен, а потоа и казнет поради давање антивоени изјави, додека неговата 12-годишна ќерка е ставена под државна грижа поради цртежите што девојчето ги направило на училиште на кои е прикажана Русија како бомбардира семејство во Украина,

    Подготви: Д. Мишев

    Извор: Цивилмедиа.мк

    Exit mobile version