Последни написи

Заев од Атина: Само со заедничка работа и соработка регионот може да се носи со предизвиците во енергетиката

„Ја преживеавме енергетската криза со помош на нашите пријатели – Грција, Бугарија и Србија. Грција сподели со нас сопствени ресурси, како што земјите претходно споделија и вакцини. Регионот ќе биде постабилен и побезбеден ако сите работиме заедно“ изјави експремиерот и основач и директор на Фондацијата Заев, Зоран Заев на Делхи економскиот форум во Грција.

Тој додаде дека кога минатата есен постоеше страв дали ќе има рестрицкии и доволно
енергија, земјава побара помош од пријателите, кои веднаш се одзваа на повикот.

„Оваа соработка беше видлива минатата година, а ќе биде уште поважна за следната зима. Сега треба да ја продолжиме соработката“ рече Заев.

Експремиерот истакна дека со заеднички настап на регионот ќе бидеме покомпетитивни и попочитувани од останатите земји.

„Регионот мора да настапува заедно, а енергетскиот сектор е вистински пример за заедничко работење. Започнавме и имаме добра иднина ако ги споделуваме ресурсите и си помагаме“ рече Заев.

 

Latest Posts

Не пропуштај