More

    Шукова: Воспоставуваме подобра координација и поинтензивно вклучување на колективните постапувачи со отпад

    Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претставниците на сите шест регистрирани колективни постапувачи со отпад во државата, денеска одржале консултативен состанок за усогласување и подобра координација на заедничките активности во управувањето со отпадот.

    Министерката Шукова ги информираше присутните за интензивирање на активностите за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад, за потребата од поинтензивно дополнително вклучување на колективните постапувачи во обезбедување на потребната опрема- возила, контејнери и други садови за селекција на отпад, но и за развивањето на позитивните навики кај граѓаните за правилно постапување со отпадот како важен предуслов за успешно функционирање на системот.

    Претставниците на колективните постапувачи со отпад ги претставија своите годишни програми и информираа за проблемите со кои се соочуваат и во однос на имлементација на законската регулатива и во зависност од степенот на развиеност на локалните средини.

    На средбата се разговарало и за потребата од координација и со другите актери што се важна карика во воспоставување на одржливиот систем за управување со отпад. Договорена е повторна средба кон крајот на месец мај, на која ќе бидат поканети и претставници на ЗЕЛС, АДКОМ и Државниот инспекторат за животна средина.

    (Извор: Мета.мк)

    Exit mobile version