Последни написи

Александар Николоски добил забрана – не може веќе да зборува во име на ЕПП во Стразбур

За време на состанокот на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, направил тешка повреда на процедурите и прописите, пишува денес БГНЕС. Според бугарскиот медиум, поради тоа што си дозволи  жестоки напади против Бугарија,  пратениците на ГЕРБ, Георг Георгиев и Деница Сачева го известиле претседателот на групата на народните партии (ЕПП), што резултирало со суспензија на правото на Николоски да зборува понатаму во име на групата, тврди БГНЕС.

„Претставникот на ВМРО – ДПМНЕ го зеде правото да зборува во име на Европската народна партија (ЕПП). Тоа значи дека тој мора да се изразува на начин што се совпаѓа со ставот на целата партија, не неговиот личен и не на националната партија што ја претставува во ЕПП. Оваа постапка ја злоупотреби при што за три минути говор точно седум пати ја нападна Бугарија на тема која не е ни во надлежност на групата во Парламентарното собрание на Европа и  на Комитетот на министри. Ова беше јасно насочен напад, однапред смислен и изрежиран“, изјавил за БГНЕС Георг Георгиев од коалицијата ГЕРБ-СДС.

„Како што знаете, ние и нашите колеги од РСМ се трудиме секогаш да бидеме конструктивни и да ги исполниме заедничките определби. За жал, сепак, доаѓа до моменти кога РСМ и нејзините претставници злоупотребуваат, вклучително и процедури, со  цел да ѝ наштетат на Бугарија на разни теми“, изјави  Георгиев. Според него одлуката била дочекана со аплауз од делегациите на другите земји членки на ЕПП и дека отсега натаму на  „лицето од ВМРО – ДПМНЕ ќе му се забрани да зборува за вакви прашања“. „Бугарија прими и официјално извинување за она што се случи во собраниската сала“, нагласи тој.

„На крајот на денот, мислам дека не треба да ги користиме на ваков  начин меѓународните форуми, меѓународните организации, да се повредуваме и напаѓаме на начин што не е соодветен за пријателски земји, како  што се надеваме дека ќе бидеме со РСМ“, објасни тој. „Ние строго се придржуваме до договорите направени меѓу нас, кон заклучоците на Советот  донесени во рамките на француското претседателство на ЕУ, на билатералниот протокол  меѓу нашите две земји и пред се на Договорот за пријателство и добрососедство. Забележуваме како на спротивната страна тоа не се толкува како израз на добра волја од страна на
Бугарија. Бугарија, што се однесува до човековите права, постојано е напаѓана
од граѓани на РСМ – се сеќавате на тепањето на Христијан Пендиков во Охрид само затоа што е
Бугарин и отворено ја покажува својата бугарска самосвест, а законодавството беше сменето само за да се затворат тамошните бугарски клубови. Сето ова создава ситуација на тензија, екстремен говор на омраза, кршење на човековите права, што Бугарија не може да го толерира“, нагласи тој, заклучувајќи дека на македонска страна има обид да се поткопаат достигнувањата.

(Извор: Независен.мк)

Latest Posts

Не пропуштај