More

    Ковачевски: Лани ги инвестиравме сите достапни средства од ИПАРД, затоа ЕУ ни ги зголеми средствата оваа година

    „Ние сме единствена Влада досега која плански располага со средства и во целост ги користи парите од ИПАРД, тоа се европските фондови за развој на земјоделството и во развивање на земјоделството. Лани инвестиравме 100 отсто од достапните средства, за разлика од минати годинкога не се успеваше ниту 50 отсто да бидат инвестирани од ИПАРД средствата во државата. Затоа за оваа година ЕУ ги зголеми средствата за Северна Македонија за 60 отсто во однос на она што беше доделено минатата година“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Самитот на Македонија 2025.

    Премиерот додаде дека изминатата година се згоелми и домашното произведство на струја, во услови на светска криза и од земајва се започна да се создава зелен енергетски хаб на Европа.

    „Како одговорна Влада донесовме нова стратегија за развој на енергетиката до 2040 година која што целосно е заснована на европскиот зелен договор и веќе ја спроведуваме оваа стратегија во земјата. Нашиот приоритет е транзиција на енергетскиот сектор и негова независност. Во кризни услови услови успеавме да придонесеме кон зголемување на интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија и во рок од 1 година, до 31 март оваа година од првиот ден на мандатот на мојата влада имаме 192 мегавати инсталирани капацитети за произвдоство на електрична енергија од обновливи извори на енергија“ рече Ковачевски.

    Премиерот додаде дека за земај од 1,8 милиони луѓе ова е навистина голем капацитет за производство на енергија од обновливи извори.

    „Во 15 месеци нашата РКЕ издаде 400 лиценци за изградба на електрани од обновливи извори на енергија и со ова ние денес можеме да ги покриеме енергетските потреби на 10 македонски града со просечна потрошувачка на енергија на граѓаните“ рече Ковачевски.

    Извор:frontline.mk

    Exit mobile version