Последни написи

Мијатовиќ: Злосторствата извршени од руските сили во Украина не смеат да останат неказнети

Страшните злосторства извршени од руските сили во Украина не смеат да останат неказнети, изјави Дуња Мијатовиќ, комесарката за човекови права на Советот на Европа кога го претставуваше годишниот извештај на состанокот на ПССЕ на 24 април, јави дописникот на Укринформ.
„Грозните злосторства извршени од руските сили во Украина не смеат да останат неказнети. Правдата мора да биде спроведена, вклучително и преку ефективна соработка со Меѓународниот кривичен суд и долгорочна поддршка за украинскиот правосуден систем“, истакна комесарката.
Овогодинешниот извештај најмногу се фокусира на злосторствата извршени од руските сили во Украина.
Мијатовиќ изјави дека заштитата на човековите права во Европа претрпе сериозни неуспеси во 2022 година.
Ова вклучува решавање на повредите на човековите права на украинските деца пренесени во Руската Федерација или привремено окупирани територии, од кои некои добија руско државјанство со очигледно кршење на меѓународното хуманитарно право.
Конкретно, таа изјави дека децата кои биле одвоени од родителите поради вонредна хуманитарна ситуација не можат никако да се сметаат за сираци, па затоа не можат да бидат посвоени. Според Мијатовиќ, во моментов ниту една меѓународна организација за човекови права нема пристап до територијата на Русија.
Како што објави Укринформ, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе одржи итна дебата на тема „Ситуацијата на украинските цивили, вклучително и децата, насилно раселените или префрлени на Руската Федерација или на украинските територии под де факто контрола на Руска Федерација”.
Подготви: Д. Мишев
Извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај