More

    Со највисоки државни и воени почести Петровска ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер

    Со церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Скопје ја пречека австриската министерка за одбрана Клаудија Танер, која е во официјална посета на Република Северна Македонија.

    По пречекот, австриската министерка за одбрана Клаудија Танер се потпиша во книгата на впечатоци во Министерството за одбрана, двете министерки одржаа тет-а-тет средба, по што започна и состанокот на двете делегации.

    Тема на разговор на денешните делегации е одбранбената соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија и можностите за нејзиното продлабочување, прашањето за европската интеграција на Западен Балкан, како и актуелните безбедносни случувања и ситуација во регионот.

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version