More

    Побрзајте „прв дојден, прв услужен“: Објавен огласот за надоместување на дел од трошоците за вградени ПВЦ и алуминумски прозорци

    Како што најави Министерството за економија и годинава ќе ги надомести дел од трошоците за вградени ПВЦ или алуминумски прозорци во износ од 50 % од вложената сума или најмногу до 20.000 денари за домаќинство.

    За оваа намена во 2023 година предвидени се вкупно 25 милиони денари и ќе се опфатат над 1.200 домаќинства во државата, под услов досега не користеле средства од Буџетот за оваа намена.

    Право на поврат на средства имаат сите што купиле и вградиле ПВЦ или алуминиумски прозорци од денот на распишувањето на огласот, па се до 31.07.2023 година.

    За да аплицирате за надоместување на дел о Вашите трошоци, потребно е да ги пополните и доставите следните документи:

    -БАРАЊЕ

    -ИЗЈАВА заверена на нотар кои ги имате и на следниот ЛИНК или може да се подигнат и од архивата на Министерството за економија,

    -ДОКАЗ дека сте извршиле купување-плаќање, фискална сметка или фактура – уплатница,

    -ФОТОГРАФИИ во боја од старите дрвени прозорци што сте ги замениле и новите прозорци што сте ги вградиле;

    -ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА

    -ФОТОКОПИЈА од ЛИЧНА КАРТА на барателот

    Сите комплетни документи во затворен плик треба да се достават до Министерството за економија најбрзо што може, бидејќи средствата ќе се доделуваат по принципот „прв дојден, прв услужен“ до искористување на предвидениот Буџет.

    Документите може да се испратат и по пошта до Министерството за еконија на адреса „Јуриј Гагарин“ број 15 или да се достават директно во архивата на Министерството секој работен ден од 9 :30 до 15 часот.

    На пликот треба да стои за:

    Конечната листа на баратели кои го остварле правото ќе биде ојавена најдоцна до 30 септември, 2023 година.

    Повеќе на ЛИНКОТ: ЈАВЕН ОГЛАС на Министерство за економија заПВЦ или алуминумски прозорци.

    (Извор: Agrotim.mk)

    Exit mobile version