Последни написи

Ако се толку сигурни дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени, зошто се тогаш толку вознемирени во ВМРО-ДПМНЕ?!

Зоран БОЈАРОВСКИ

Ако се толку сигурни дека нема двотретинско мнозинство за уставни измени, зошто се тогаш толку вознемирени во ВМРО-ДПМНЕ?!

Тоа е единственото прашање кое се наметнува откако ВМРО-ДПМНЕ на најнедоличен начин се нафрла врз одделни личности, професори и докажани експерти во областа, откако беа објавени како членови на работната група која на покана на Министерството за правда се согласија да работат на утврдување на прифатливо решение за уставните измени со кои ќе се внесат Бугарите и припадниците на другите етнички заедници вио земјата.

За жал, постапката на Мицкоски е сосема предвидлива бидејќи тој и неговоите најблиски соработни и советници, очигледно, и понатаму се заробеници на истата режимска матрица којашто секогаш кога нема аргументи, ниту знаење, ниту волја да учествува конструктивно во процеси од интерес на државата и граѓаните, и во такви ситуации единствено што знае најдобро е да етикетира, да денунцира, навредува и омаловажува.

Просто е неверојатно како Мицкоски не разбира дека работната група во овој случај, во случајот на утврдување на најдобро решение за претстојните измени е затоа составена од експерти од областа и од претставници на политичките партии. Експертите од академската средина се тука за да ја пренесат стручноста, знаењето, искуствата, компаративните сознанија, а партиските претставници во таа група имаат за задача да ја птреземат одговорноста и врз основа на најдоброто предлог решение коешто ќе одговара на она што е македонски модел за решавање на ова прашање што ќе не направи поблиску до членството во ЕУ.

Парадоксот и позицијата на Мицкоски да одбие партијата ВМРО-ДПМНЕ да именува свој претставник во оваа работна група, не само што ја отфрла одговорноста да преземе таков предизвик, туку за првпат сега пречката не доаѓа од надвор, туку самиот тој станува пречка, опструкција, којашто може да ја загрози европската иднна на земјата како последица на неговите лични амбиции.

Но, нашата дражва низ историја покажала дека има капацитет за носење на одлуки коишто значат подобра иднина за граѓаните.

Во такви пресудни моменти личностите како Мицкоски остануваат запаметени, ако останат запаметени, како епизодни личности, статисти покрај кои како експресен воз поминуваат историските настани.

Па погледнете ја само фотографијата од 19 октомври 2018 година, кога пратениците во Собранието донесоа одлука да се пристапи кон процес за уставни измени за промена на името. Погледнете ја онаа тага на лица прегазени од историјата:

Затоа како исклучителсно суштествено е прашањето е кој е попаметен Мицкоски или пратениците што ќе се одважат да се издвојат од пратеничката група на ВРМО-ДПМНЕ и ќе ја прифатат постапката за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставо што ќе значи продолжување на преговорите со ЕУ?

Инаетот на Мицкоски нема да ѝ донесе ништо на партијата од она што си го замилсува Мицкоски: безусловни избори, освојување на власта и потоа само под негови услови да се разговара за европската иднина на Македонија. Тоа се само фантазии на една немушта политичка фигура од коишто единствено што може да се добие се нови делби во самата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се чини е сосема логичен исход ако започне да се раслојува партиското ткиво тргнувајќи од тоа дека се сѐ „поартикулирани“ и поприсутни гласините дека група пратеници најсериозно ја разгледуваат опцијата да бидат дел од другата приказна. Односно, да го прифатат предизвикот и да се согласат да бидат дел од мнозинството за донесување на уставните измени и да ги отворат опциите за две придобивки: Првата да станат дел од конструктивните сили кои ќе ја отстранат заканата дека Македонија ќе се соочи со неизвесно долго одлагање на евро-интегративниот процес, а втората е, заедно со сите услови што во тој случај можат да ги постават и на Власта да ѝ ги прикажат какмо прифатливи, да издејствуваат предвремени избори зашто до есен и за таа опција има време.

Во тој случај Христијан Мицкоски ќе се збогува со својата политичка кариера, а некои фигури, дури и во неговото најблиско опкружување, тоа ептен си го посакуваат.

Оваа втора опција има и една друга предност зашто е сосема извесно дека ќе има силна поддршка од ЕУ, Брисел и останатите структури на меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД затоа што најголемите партнери на земјата веќе немаат трпение за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, особено откако тој покажа дека нема разбирање за загриженоста на германаската министерка за надворешни работи, или уште повеќе непристојно одбивање да се сретне со уште неколкумина министри за надворешни работи или за европски прашања.

Тоа е само чекор поблиску до одлуката на ЕУ, односно на земјите членки, да престанат да комуницираат со Мицкоски и своето време, енергија и фокус да ги насочат кон рационалните структури во партијата, односно кон пратениците од оваа партија од коишто се очекува разумен пристап за прашањето на уставните измени.

Извор: racin.mk

Latest Posts

Не пропуштај