More

    СДСМ: Навредите за експертите и професорите само покажуваат дека фалц Мицкоски е заглавен во режимската матрица

    Етикетите, навредите и омаловажувањата за правните експерти и професорите само ја покажува режимската матрица на Груевски во којашто е заглавен Христијан Мицкоски.
    Мицкоски е последен кој може да зборува и да прозива професори или пак истакнати правници.

    Граѓаните знаат дека Мицкоски има дипломирано кај својот татко. Не само што дипломирал, туку бил и асистент кај својот татко, а згора на се кај него дури и се вработил.

    Мицкоски сега ќе кажува за фалц професори? Па заради такви како него фалц професори УКИМ со години не може да се искачи погоре на Шангајската листа.

    Дополнително Мицкоски е претседател на криминална партија ВМРО-ДПМНЕ чиј претходник, осуден криминалец, побегна од правдата во гепек.

    Конечно, Христијан Мицкоски нема образ за да се засрами а досега ги има пропуштено сите шанси и да се извини пред граѓаните.

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version