More

    Тренчевска: Не се зголемува работната недела на 60 часа, туку се дава можност за повеќе од 8 часа прекувремено неделно

    „Во предложените измени на Законот за работни односи во Собранието никаде не пишува дека работното време ќе биде 60 часа и дека сите работници ангажирани на изградба на коридорите ќе работат 60 часа. Со измените се предлага прекувременото работно време да може да биде повеќе од 8 часа неделно на работната недела од 40 часа, колку што е предвидено сега“ изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Топ тема“ на Телма.

    Таа додаде дека во зависност од процесите и временските услови некои работници можеби ќе работат 45, можеби 48 или 50 часа, но дека работните часови над 40, колку што е работната недела согласно Законот за работни односи ќе бидат исплатени како прекувремени.

    „Изманипулирана беше јавноста дека 60 часа ќе работат сите. Тоа е експлоатација. Најважно за нас е прекувремената работа да биде платена и секој работник ќе треба да потпише писмена согласност дека сака да работи прекувремено“ рече Тренчевска.

    Министерката појасни дека секоја прекувремена работа ќе треба да биде пријавена во
    Државниот инспекторат за труд, кој ќе врши контроли и надзор дали работниците кои работат прекувремено се исплатени за тоа.

     

    Exit mobile version