More

    Никој ли не и се погоди? Арсовска менува в.д. директори како чорапи

    Градоначалничката Данела Арсовска минатата недела им ги продолжи договорите на досегашните директори на „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ Реџепи Зухејр и Саид Саид кои се кадри на ДУИ, на кои по 6 месеци в.д. им додели менаџерски договори со мандат од 4 години.

    Исто така досегашниот прв човек на ЈП „Градски паркинг“ Крсте Петревски беше именуван за нов директор на ЈСП „Скопје“ кој е кадар на ГРОМ, на местото на досегашниот Александар Стојковски.

    Во скопските јавни претпријатија е најчесто именувањето и смената на в.д. директорите. За помалку од две години, ЈСП – Скопје го доби третиот директор, а претходно покрај Стојковски, од оваа позиција беше сменет и директорот Иван Илиевски, додека „Градски паркинг“ го доби четвртиот директор . ЈП „Градски паркинг“, пак, откога дојде градоначалничката Данела Арсовска на функцијата, досега промени тројца директори: Филип Пасху, Бојан Христовски и Крсте Петревски.

    Инаку, веднаш по доаѓањето на власт, Арсовска ги разреши и директорите на јавните претпријатија поставени од претходниот градоначалник, Петре Шилегов. Во декември 2021 година, беше разрешен Кристијан Чушков од директорката позиција во ЈСП – Скопје, кога беше назначен Иван Илиевски на негово место. По доаѓањето на власт на Арсовска, беше разрешен и директорот Борче Јакимовски од ЈП „Градски паркинг“. Сите посочени беа в.д. директори.

    40 проценти од директорите во државата се вршители на должност

    Според извештајот од следењето на управувачките структури во институциите од јавниот сектор на Центарот за управување со промени (ЦУП), во државата има вкупно 274 директори и нивни заменици, а 105 од нив се именувани како в.д., што значи дека 40 проценти од јавните претпријатија се раководени од вршители на должност.

    Директорката на ЦУП по објавата на извештајот , Неда Малеска- Сачмаровска, вели дека ваквата состојба најмногу е последица од политичките пазарења. Според неа, вршителите на должност се назначени, бидејќи дел од нив не ги имаат потребните компетенции за да аплицираат на јавните повици, главно, поради непознавање странски јазици.

    Во Извештајот од следењето на управувачките структури во институциите од јавниот сектор, на ЦУП стои дека седуммина директори, на пример, се именувани без да ги исполнат основните законски услови, односно немаат ниту високо образование. Шестмина директори се со средно образование, а еден со вишо.

    „Не успеваме да воспоставиме „мерит“ систем во тој дел. Законот за висока раководна служба долго време е во кулоарите на институциите. Објавен е на ЕНЕР но не е во никаква процедура, а тие политички пазарења влијаат бидејќи во принцип понатаму нема начин како да се проверат компетенциите и квалификациите кога вие веќе ќе ги распределите позициите по основ на некаков коалиционен договор“, вели Малеска Сачмароска.

    Понатаму, во извештајот се вели дека никој не врши евалуација и оценка на работата на директорите, ниту пак има постапка за управување со ефектот од нивната работа. Законите пак, дозволуваат секој профил на кадар да може да биде именуван за директор, без оглед на видот на образованието.

    Извештајот од истражувањето на центарот исто така покажува дека 423 институции во земјава имаат надзорни и управни одбори. Секоја година членовите на овие одбори чинат најмалку 2 милиони евра. Во исплаќањето на нивните паушали се бележи пад од периодот помеѓу 2015 и 2017 година, кога им биле исплатени 2,5 милиони евра. Но, според извештајот, тоа не се должи на намалувањето на паушалите, туку едноставно, надзорните и управните одбори имале помалку седници поради пандемијата од Ковид-19.

    Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, вели дека има сериозен проблем со поставување в.д. директори во институциите, што, според неа, упатува на злоупотреби.

    Што значи в.д. директор?

    Вршител на должност (в.д.) директор е најекспонираната управувачка структура во Македонија. Тоа е преодно решение до изборот, односно до именувањето директор, и тоа најмногу до шест месеци. Законите дозволуваат секој профил на кадар да може да биде именуван за в.д. директор, без оглед на видот на образованието, а по смената, никој не врши евалуација и оцена на нивната работа, ниту, пак, има постапка за управување со ефектот од нивната работа. Во скопските јавни претпријатија е најчесто именувањето и смената на в.д. директорите. За помалку од две години, ЈСП – Скопје го доби третиот директор, додека „Градски паркинг“ го доби четвртиот директор, кого го назначи скопската градоначалничка Данела Арсовска. Веднаш по доаѓањето на власт, Арсовска ги разреши и директорите на јавните претпријатија поставени од претходниот градоначалник, Петре Шилегов.

    Вршител на должност (в.д.) директор е најекспонираната управувачка структура во Македонија. Тоа е преодно решение до изборот, односно до именувањето директор, и тоа најмногу до шест месеци.

    Законите дозволуваат секој профил на кадар да може да биде именуван за в.д. директор, без оглед на видот на образованието, а по смената, никој не врши евалуација и оценка на нивната работа, ниту, пак, има постапка за управување со ефектот од нивната работа.

    Извор: gradska.mk

    Exit mobile version