More

    Ким Филби – Познатиот руски шпион кој го спречи рушењето на комунизмот во Албанија

    Во серијата текстови кои ќе бидат објавени на Градска.мк ќе ви претставиме малку поинакви теми. Станува збор за двојниот агент Ким Филби – еден од најважните шпионски фигури за време на Студената војна.

    Ким Филби стана познат и во Албанија, бидејќи неговите информации беа клучни за попречување на плановите на ЦИА во Албанија за соборување на комунистичката влада на Енвер Хоџа на почетокот на 50-тите години на минатиот век.

    Агентот на КГБ Ким Филби е опишан како најважен во историјата на шпионажата. Вработен во британската разузнавачка служба, Ким Филби, бил регрутиран од советски агенти и работел и за нив. Многу акции на МИ6 и ЦИА се разоткриени во неколку источноевропски земји, кои беа вклучени во комунистичкиот блок, предводен од Советскиот Сојуз.

    На 1 јули 1963 година, британската влада признава дека нејзиниот поранешен дипломат, Харолд Адријан Расел „Ким“ Филби, дејствувал како советски агент. Неговото пребегнување во Советскиот Сојуз во јануари 1963 година беше еден од најдраматичните моменти од Студената војна. Филби беше избркан години претходно од британската разузнавачка служба МИ6 – тој беше осомничен дека е предавник и шпион. Во опасност да биде уапсен, Филби побарал помош од Москва.

    Стравувањата дека двојниот агент Ким Филби бил користен од КГБ, поттикна владина кампања за минимизирање на политичкиот срам и спречување објавување на неговите мемоари, според тајните досиеја објавени во Британскиот архив. Ким Филби стана познат и во Албанија, бидејќи неговите информации беа клучни за попречување на плановите на ЦИА во Албанија за соборување на комунистичката влада на Енвер Хоџа на почетокот на 50-тите години на минатиот век.

    Веста дека Филби, поранешен офицер на МИ6, шпионирал за Русите од 1933 година го вклучи алармот во Вајтхол. Набргу по откривањето на предавството на Филби во октомври 1967 година, министерот за внатрешни работи, Рој Џенкинс, му пиша на премиерот Харолд Вилсон, предупредувајќи дека тоа може да доведе до разоткривање на друг руски шпион, Сер Ентони Блант.

    Продолжува…

     

    Н. А. 

    Извор: gradska.mk

    Exit mobile version