More

    (ИЗБОР) Албански медиуми: ЕП изгласа либерализација на визите за Косово; косовските граѓани потрошиле десетици милиони евра на визи; која е Мира Мурати -директорката за технологија на OpenAI

    ЕП денеска ја изгласа одлуката за визна либерализација за граѓаните на Република Косово, кои до сега потрошиле десетици милиони евра на апликации за визи. Која е Мира Мурати,  ѕвездата на истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција OpenAI?

    Во продолжение се темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

    КОСОВО

    КланТВ: ЕП денеска гласа за либерализација на визите за Косово, утре потпишување

    „Европскиот парламент денеска ја изгласа одлуката за либерализација на визите за граѓаните на Косово – со што се привршуваат процедурите за ова прашање.

    Ден подоцна, на 19 април, ќе биде потпишан правниот акт за либерализација на визите, додека единствениот чекор што треба да се направи потоа е објавување на одлуката во Службен весник на ЕУ и нејзино стапување во сила.“, пренесе КланТв.

    АБЦ: Колку потрошиле Косовците за визи за ЕУ?

    Според податоците на Групацијата за Балканот (БРПГ), 60 отсто од Косовците побарале шенген виза, која овозможува слободно движење во земјите на ЕУ, за туристички посети. Интересот на Косовците за посета на земјите од ЕУ се зголемуваше до 2020 година, кога трендот се промени поради СОВИД-19.

    Според истражувањето направено од БРПГ, граѓаните на Косово за апликација за шенген виза во просек платиле по 165 евра. Овој трошок достигнува десетици милиони евра кога се зема предвид бројот на апликации на годишно ниво, пренесе АБЦ.

    ГазетаБлиц – ИФИМЕС: Нема нормални услови за одржување избори на северот на Косово

    Кој и да биде избран на претстојните избори на северот на Косово, нема да има вистинска моќ бидејќи во основа ќе му недостига легитимитет, се вели во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) и се нагласува дека поради ова изборниот процес нема многу смисла и нема да ги реши суштинските проблеми, како што е враќањето на Србите во институциите на Косово, како и тоа што во моментов нема нормални услови за одржување на избори, пишува ГазетаБлиц.

    АЛБАНИЈА

    Топ 24: Рама ја напушта болницата еден ден по операцијата

    „Премиерот Еди Рама ги напушти просториите на болницата КСУТ по итната интервенција што ја направи во раните утрински часови на 17 април за отстранување на апендицитисот.“, пренесе Топ 24.

    КДП Албанката Мира Мурати

    „Мира Мурати  е вистинска ѕвезда на истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција OpenAI. Во овој стартап, кој стои зад ChatGPT, таа е еден од главните технолошки мозоци. Овој комуникациски бот го воодушеви светот поради можностите што ги поседува. Но, која е Мира Мурати?“, прочитајте повеќе на КДП.

    КОЛУМНА

    Бота Сот: Српската листа една со руската паравоена група Вагнер

    „Во Косово денес често се прават обиди и споредби за сличностите или разликите меѓу Српската листа и руските терористички паравоени сили Вагнер. Разликите може да се бараат, но како да се најдат, кога сè и секаде се совпаѓаат.

    Многу е точно да се каже дека меѓу овие политички, воени и терористички организации има фузија, стратегија и слична тактика.“, извадок од колумната „Српската листа една со руската паравоена група Вагнер“, од авторот Шериф Рамабаја, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

    Д. Тахири

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version