More

    Охрид и Северна Македонија на најголемиот саем за туризам во Турција

    Охрид и Северна Македонија како туристички дестинации се промовираат на најголемата меѓународна саемска манифестација посветена на туризмот во Турција.

    Македонската туристичка понуда има свој штанд на 26-тата Меѓународна изложба за туризам и патувања ЕМИТТ (East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition), што се одржува во Истанбул.

    На саемот што ќе се одржува до 15 април македонската туристичка понуда ќе ја презентираат претставници на туристичкиот сектор од земјата, како и на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

    -На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, општина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи. Од 12 до 15 април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и етно-гастро туризмот на Македонија. Се очекува изложбениот простор на Република Северна Македонија традиционално да е посетен од бројни високи претставици од Република Турција, како и значајни учесници од реалниот сектор, информираат од Агенцијата.

    Инаку, турските туристи се меѓу најбројните странски гости во земјава и Охрид, а најчесто се дел од кружните тури низ овој дел од Балканот.

    (Извор: 24инфо)

    Exit mobile version