Последни написи

Пчеларството како приоритетен сектор на ИПАРД 3 програмата – Набавете опрема за производство, пакување, транспорт, АПИ комори и друго

Според досегашниот интерес од страна на читателите на Агротим, се потврдува актуелноста на Мерка 7 и од новата ИПАРД 3 програма. Токму затоа сакаме да ја доближиме до сите заинтересирани кои планираат да инвестираат во руралниот туризам и алтернативно земјоделско производство, преку информации кои услови треба да се исполнат и кои документи да се обезбедат за да може преку ИПАРД да се вратат 60 % од инвестицијата.

 

Во делот на инвестиции во алтернативното земјоделско производство, значајно место завземаат инвестициите во ПЧЕЛАРСТВОТО, каде што дел од прифатливите трошоци можат да бидат:

  • Опрема за пчеларство (опрема за прием, собирање и складирање)
  • Опрема за прием, собирање, складирање, полнење и пакување на мед,
  • Опрема за производство и пакување на други пчелни производи,
  • Опрема за етикетирање,
  • АПИ комори
  • Опрема и апарати за анализа на производот
  • Опрема за манипулација, товарање и растоварање,
  • Инсталација на соодветната опрема;
  • Достигнување на стандарди за заштита на животната средина;
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови и т.н.

Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони евра.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на info@agrotim.mk или да нè контактирате на телефонските броеви:  070/267 789071/285 385071/225 345 и 071 /381 453.

Извор: agrotim.mk

Latest Posts

Не пропуштај