Последни написи

Инвестирајте во рибници за производство на слатководна риба, преку Мерка 7 од новата ИПАРД 3 програма!

ИПАРД 3 програмата (2021-2027) која се очекува да стартува наскоро, овозможува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош на земјоделството и руралниот развој.

Во последниот Јавен повик од ИПАРД 2 програмата, се покажа дека постои голем интерес за мерката 7 Диверзификација на фармите и развој на бизниси. Оваа мерка ќе биде застапена и во новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) година, со што се отвораат можности за нови инвестиции во повеќе приоритетни сектори, а еден од нив е и алтернативното земјоделство, кое дава можност да се направат инвестиции во рибници за производство на слатководна риба.

Конкретно за оваа инвестиција, ќе наброиме неколку примери за прифатливи трошоци, а тоа можат да бидат:

  • Опрема за одгледување на риби
  • Опрема за одгледување на рибен подмладок
  • Пумпи за вода,
  • Базени,
  • Резервоари за вода
  • Филтри
  • Опрема за дистрибуција на вода
  • Инсталација на соодветната опрема;
  • Достигнување на стандарди за заштита на животната средина;
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови;
  • Обезбедување на административен простор;
  • Помошни простории (за складирање, итн);
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели;
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување и т.н.

Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони евра.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра.

За повеќе информации и изготвување на апликации можете да ни пишете на info@agrotim.mk или да нè контактирате на телефонските броеви:  070/267 789071/285 385071/225 345 и 071 /381 453.

Извор: agrotim.mk

Latest Posts

Не пропуштај