Последни написи

Инфлацијата забави во март, на годишно ниво сега е 14,7 отсто

Трошоците на живот и цените на мало во март се намалени за 0,1 процент во споредба со февруари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалување на индексот на трошоците на живот има кај лебот и житата за 4,7 проценти, млекото за 4,6 проценти, маслото и маснотиите за 2,4 проценти, сирењето и урдата за 2,2 проценти, свежото и разладеното овошје за 1,2 проценти, рибата и морските плодови за 0,8 проценти и јајцата за 0,2 проценти.

Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8,8 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,1 процент, кафето, чајот, какаото, виното за 0,8 проценти, жестоките пијалаци за 0,7 проценти, месото, прехранбените производи, неспоменати на друго место, пивото за 0,6 проценти.

Во споредба со март лани трошоците на животот се зголемени за 14,7 проценти, а цените на мало за 10,7 проценти.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека има намалување на инфлацијата споредбено со претходните месеци и најголемо намалување во споредба со ланскиот октомври кога генерално почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава и на прехранбените производи и на енергенсите, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Инфлацијата во споредба со истиот месец од претходната година е 14,7 отсто и има 2 проценти намалување ако ја споредиме со февруари.  Најважно е дека има намалување во делот на транспортот и во делот на храната што значи дека мерките кои ги носи Владата почнале да го даваат својот резултат, рече Бектеши во изјава по состанокот со увозниците на овошје и зеленчук во Министерството за економија.

(Извор: Независен.мк)

Latest Posts

Не пропуштај