Последни написи

Успехот на Отворен Балкан магнет за Црна Гора и Босна и Херцеговина

Вчера во Бања Лука беше одржана конференција „Know how – за отворен Балкан“ на која се разговараше за иницијативата Отворен Балкан и за придобивките на Босна и Херцеговина и Република Српска доколку се приклучат на истата.

Иницијативата Отворен Балкан која беше иницирана од Северна Македонија, заедно со Албанија и Србија прераснува во вистински двигател на економијата и соработката во регионот, а тоа е препознаено од соседните држави и меѓународните партнери.

Растот на трговијата и видливите придобивки од Отворен Балкан за граѓаните и бизнисите, се причина земјите како Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово да почнат да дебатираат и размислуваат за приклучување кон иницијативата.

„Денес сме сведоци на големи гужви во превозот и транспортот на роба и луѓе. Оваа иницијатива ќе ни овозможи тоа полесно да функционира помеѓу државите членки“ истакна Златан Клокиќ, министер за европски интеграции и меѓународна соработка на Република Српска.

Според  Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија на Република Српска, мора да се препознае овој политички момент кога Балканот мора економски да се поврзе и да се укинат непотребните гранични процедури, бидејќи само така може да се генерираат нови инвестиции и да се зголеми трговијата со цел подигнување на стандардот.

И новиот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ  изрази поддршка и најава за можно приклучување во иницијативата Отворен Балкан. Тој смета дека целта треба да остане членството во ЕУ, но во меѓувреме треба да се работи на зајакнување на економската соработка.

„Регионалната економска интеграција, дали преку договорот за слободна трговија ЦЕФТА, дали преку Берлинскиот процес или преку иницијативата започната од самите земји од Отворен Балкан и се што оди во корист на граѓаните и нашата економија треба да се поддржи и на тоа активно да се работи“ изјави Милатовиќ по изборот за претседател на Црна Гора.

И  цроногорскиот премиер Дритан Абазовиќ изрази поддршка за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан. Според него,  секоја иницијатива која ќе помогне во остварување на целта за членство во ЕУ и подобрување на сорабоката и економијата треба да се поддржи.

Latest Posts

Не пропуштај