Последни написи

Огнената група од ДУИ од денеска и официјално стана фракција

„Огненaта група“ од ДУИ денеска на прес конференција и официјално настапија како фракција.

Нашата цел, нашата агенда е да ја добиеме битката внатре во ДУИ, изјави Изет Меџити.

„Фракцијата значи дека сме дел од ДУИ. Ќе присуствуваме на состаноци и ќе бидеме гласни за нашите позиции, но се надевам дека тоа се добро подготвени состаноци, а не квази средби како минатата на 1 април, можеби не случајно средбата беше на 1 април бидејќи нашето барање е дека треба да се изгласа доверба на извршната власт во Генералниот совет и гласовите да бидат скриени, а не отворени, бидејќи однапред им се дава насока или се врши мобинг врз членовите на Генералниот совет“, рече Меџити.

„Во принцип, како и сите други граѓани, ние како фракција силно го поддржуваме Коридорот 8 затоа што сметаме дека овој Коридор е во интерес на економскиот развој, туризмот, слободното движење на граѓаните. Но, сакаме да ги видиме работите пореално, се надеваме дека овој проект нема да се случи како проектот на Артан и Бујар, зборувам за патот Скопје-Блаце“ – порача  Изет Меџити.

На прес конференцијата на фракцијата на ДУИ учествуваше и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

„Како што изјавивме по завршувањето на состанокот на 1 април, официјално ви се обраќаме како фракција. Сметаме дека е демократски чин изразувањето на поинакво мислење и дека тоа ќе ѝ помогне на партијата да ги исправи пропустите во своето функционирање. За жал, три години по ред алармираме дека не се почитуваат Статутот и програмата на партијата. Се обврзуваме дека ќе бидеме гласот на потребите и барањата, не само на нашиот електорат, туку на сите Албанци и овој глас нема никој да го замолчи, гласот на народот е сè, тој е гласот на разумот и ќе го покажеме тоа на дело преку севкупното функционирање. Но, мора да нагласиме дека има двојни стандарди за време на дебатите и носењето на одлуките. Нашиот предлог за гласање недоверба на министрите беше одбиен. Органите на ДУИ не функционираат според Статутот. Политичките одлуки се носат исклучиво од министрите на ДУИ. Органите се третираат како декор“, рече Ганиу.

Д. Т.

Извор: civilmedia.mk

 

Latest Posts

Не пропуштај