More

    ТВ Алсат: „Полиграф“ меѓу најгледаните емисии

    Емисијата „Полиграф“ што се емитуваше на Алсат телевизија обелодени дезинформации, неосновани сознанија, конспиративни идеи чија цел беше да се манипулира јавноста, покажувајќи јасно како е вистината. Овој проект, кој беше поддржан од Амбасадата на САД, беше исклучително успешен и се позиционираше меѓу најгледаните емисии, не само на Алсат. Петрит Сарачини, од Институтот за медиумии и аналитика, кој овие 24 недели работеше со својот тим на потрага по вистината, рече дека успехот на оваа емисија докажал колку граѓаните се заинтересирани да научат како да разликуваат дезинформации и како да ја бараат вистината.

    „Тие се опасност за демократијата во прогресивните, западни земји, вклучително и во Македонија. Ги ставаат (граѓаните) во позиција да не им е јасно што е вистина, а што не е точно. Оваа конфузија создава недоверба во државните институции, општа недоверба во медиумите, општа недоверба кон она што се елаборира како јавна информација. Тие се опасност за самото постоење на професионалните медиуми, бидејќи јавноста бега од нив, станувајќи плен на сензационални информации кои го привлекуваат нивното внимание. И, ова е војна меѓу професионални медиуми и непрофесионални медиуми. Тоа е борба за правично информирање, тоа е борба за слобода на информирање, тоа е борба за демократијата воопшто“, рече Сарачини.

    Минатата година доминираа дезинформации поврзани со агресијата на Русија против Украина.

    „Имаше и многу дезинформации поврзани со преговорите на Македонија со Европската Унија. Има многу дезинформации поврзани со борбата меѓу политичките актери. Политичките партии за жал дејствуваат на пропаганден начин, обидувајќи се да му наштетат на политичкиот противник, често користејќи дезинформации или невистини“, вели Сарачини.

    Сарачини порача дека борбата против дезинформациите треба да се објави од сите, и од граѓаните, и од институциите и од политичките чинители, но исто така дека и медиумите треба да бидат свесни за етиката и професионалните стандарди, да ја проверуваат веста пред да ја објават и да не трчаат по сензационализам, туку по професионализам, објави ТВ Алсат.

    Exit mobile version