Последни написи

Столтенберг: НАТО ја помага Северна Македонија во справувањето со хибридните напади и дезинформациите

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција пред состанокот на НАТО Министрите за надворешни работи изјави дека НАТО е секогаш тука да ги поддржи сојузниците, како што сега го прави тоа со поддршката на Северна Македонија за справување со различните видови на хибридни и сајбер закани.

„НАТО и сојузниците се подготвени да дадат техничка поддршка и посилна соработка за справување со дезинформациите на Северна Македонија. Сакам да ја пофалам Владата на Северна Македонија за брзата и детална работа во развивањето на програмата за соработка што ја договоривме“ рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека при посетата на тимот на НАТО на земјава биле договорени краткорочни и долгорочни чекори со Владата за одбрана против хибридната кампања со која се соочува земјава.

 

Latest Posts

Не пропуштај