Последни написи

Лукаревска: Европскиот фронт е отворен за сите, па и за прогресивните сили на ВМРО-ДПМНЕ

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во телевизија Алсат зборуваше за уставните измени и европскиот фронт. Според неа, уставните измени не треба да бидат предмет на политичка девалвација или уцена од било која политичка партија.

-Ние имаме концепт на движење на државата напред, бидејќи и покрај уставните измени имаме и реформски процеси во правосудството, во јавната администрација, децентрализацијата… Ајде прво да ги донесеме уставните измени, па потоа се што е останато во рамки на ова што значи демократичност, транспарентност и владеење на правото да го спроведуваме ред по ред, кажаЛукаревска.

Таа истакна дека власта е исправена пред државничка одлука и во интерес на тоа европскиот фронт ќе се зголемува и понатаму.

-Се зборува само за план „А“, а не план „Б“ и треба да ги искористиме сите можности да припаѓаме во една средина каква што заслужуваме, а тоа е Европската унија. Европскиот фронт ќе се зголемува и понатаму, бидејќи друга опција немаме. Можеби Алтернатива имаше незадоволство кога излегуваше од Влада, но никогаш не скршнаа од патот дека нема да ја почитуваат европската агенда. БЕСА беше под плаштот на европската агенда кога бевме заедно на парламентарните избори во 2020 година. Европскиот фронт е отворен за сите,вратите се отворени за сите па дури и за ВМРО-ДПМНЕ и нивните прогресивни сили, рече Лукаревска.

Според неа, оваа одлука не е одлука на една политичка партија и одреден состав или поединец, туку е одлука што ќе придонесе за доброто на граѓаните и државата.

Latest Posts

Не пропуштај