Со четвртото покачување на платите во МВР во мандатот на актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски покачувањата на платите за полицаец и инспектор без минат труд се следни:
-Покачувањето на платата на полицаец во 03/2023г во однос на 2015г ќе изнесува 9.255,00 денари бруто, а 5.905,00 нето.
-Покачувањето на платата на инспектор во 03/2023г во однос на 2015г ќе изнесува 9.300,00 денари бруто, а 5.873,00 нето.
Досега, во мандатот на министерот Спасовски се исплатени 5 бонус плати или за вработените во МВР се пуштени 561.773.133 денари односно 9.060.857 евра, а како што е најавено шестата бонус плата што ќе им биде исплатена на вработените во мандатот на Спасовски во месец мај годинава ќе изнесува 31.859 денари во поединечен износ, што претставува зголемување од речиси 40% на износот на бонус платата во 2017 година која изнесуваше 22.928 денари.
Извор: brif.mk