More

    Експертите за собраниската (не)култура – Дали „Жан Моне“ ќе ја подобри состојбата?

    Навреди, обвинувања најави за тужби,  помеѓу пратениците, лични навреди и дискредитации, јавно читање на доверливи психијатриски извештаи, обвинувања за лаги и манипулации. Политичката нетрпеливост и отсуството на дијалог меѓу пратениците не ретко преминува и во говор на омраза.

    Од Собраниската говорница на Северна Македонија граѓаните се сведоци дека имало изјави со говор на омраза, тепачки меѓу пратеници, блокади, бојкот на Собранието и што уште не.

    Граѓаните со години ја следат полемиката и ниското ниво на дебата што се води овде во храмот на демократијата.

    Арсовски: Поделеноста на општеството се рефлектира во собранието и се храни со самото себе

    Во изјава за Градска.мк политичкиот аналитичар Петар Аровски вели дека во основа поделеноста на општеството се рефлектира во собранието и се храни со Фото/ скриншот од Канал 5                    самото себе.

    „Високо политичките тензии, заковувањето во ров на политичките опоненти кои се гледат како непријатели, а не само како опоненти се рефлектира во политичката култура во собранието, но истовремено и однесувањето на собранието прави обратен ефект кон партиите. Така што едното со другото се храни,  негативната спирала се храни негативно, позитивната се храни позитивно“.

    По политичкото насилство што следеше во Собранието на 27 април 2017 година, со посредство на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн во 2018 година Европскиот парламент и македонските политички лидери беше инициран процесот Жан Моне, кој има за цел да го помогне политичкиот дијалог во земјата, особено во Собранието.

    Арсовски за процесот Жан Моне изјави дека ниту еден козметички зафат само во однесувањето на пратениците нема да го смени вкупниот амбиент.

    „Процесот Жан Моне помага во создавањето на парламентарната култура и работи со пратениците и тоа е добар процес кои треба да ја подигне нивото на парламентарната дебата. Сепак имајте во предвид дека кризата потекнува од партиите и општиот политички амбиент , значи нитуеден козметички зафат само во однесувањето на пратениците нема да го смени вкупниот амбиент. Може да интервенира во културата на пратениците, односно во некакви стандарди на однесување но не може да го смени општиот политички амбиент.

    Костиќ: Има собраниски кодекс, кој треба да се почитува

    Од друга страна Мира Костиќ, поранешен уредник во Македонското радио со 30 годишно искуство како собраниски известувач истакна дека ударите „под појас“ на пратениците врз нивните колеги пратеници

    Фото/ Мира Костиќ – Собрание на Р.С. Македонија

    „секогаш ги имало и не верувам дека ќе престанат“.

    „Меѓутоа има кодекс на однесување на пратениците, кој на некој начин го регулира, санксионира говорот на омраза и потикнување на нетрпение, така што пратениците бидејќи тие го изгласеа тој кодекс, со рушењето или непочитување на кодексот создават лоша слика кај граѓаните бидејќи им порачуваат практично дека тоа што е утврдено како норма, како пропис, како вредност и не мора да се почитува. Пратениците во жарот на дискусијата знаат да избегат, многу често се користат со удари под појас, се за некакви политички цели, но заборават дека зад нив стојат гласачи кои што ги изгласале и кои што очекуваат барем пристојно однесување од нив„

    Претставникот на народот, избран на општи, непосредни избори, има должност совесно и верно да им служи на интересите на народот, да одржува блиски врски со гласачите и да одговара пред нив. Во Собранието треба да има достоинствен парламентаризам, каде што не значи да се согласува, туку да се комуницира со аргументи, секогаш за доброто на граѓаните.

    Н. А. 

    Извор: civilmedia.mk

    Exit mobile version