More

    Аврамовска-Мадиќ: Што изгуби Хрватска со внесот на Македонците во Уставот?

    Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ на вчерашното гостување во емисијата Топ Тема на Телма телевизија , објасни дека приоритет на Владата за ЕУ се реформите и дека патот до ЕУ ќе се отвори само со уставните измени. Таа додаде дека повеќе нема простор за калкулации и најбрзо што може треба да се формира работна група за уставните амандмани.

    – Во текот на наредната недела ќе мора да ја затвориме работната група и најбрзо што може да отпочнат со работа бидејќи овој процес мора да го завршиме многу брзо иако Уставот се менува три до четири месеци но работната група мора да стартува да работи, потенцираше Аврамовска Мадиќ.

    Таа потенцираше дека веќе се разговара со експерти и дека за тоа се во консултација со министерот, премиерот, претседателот на државата.

    -Тоа се еминентни професори по уставно право, но и експерти кои веќе учествувале во работни групи за промена на Устав. Единствен фокус и цел е Преамбулата и внесувањето на Бугарите и останатите заедници во Уставот, рече Аврамовска Мадиќ.

    Според Аврамовска Мадиќ, граѓаните мора да бидат  дел од процесот на носење на уставните измени.

    -Граѓаните морат да бидат дел од овој процес. Никаква штета нема да се направи со внесувањето. Мора да напоменам дека кога пристапуваме кон уставни измени правиме компаративни анализи. Еве го Уставот на Хрватска и во него се и Македонците. Дали Хрватска има штета што ги внела Македонците во Уставот?, праша заменик министерката.

    Аврамовска Мадиќ потенцираше дека приоритетите се да се смени во Уставот она што нас ни е битно да идеме кон ЕУ, бидејќи само уставните измени се патот кон ЕУ. Таа додаде дека за сите други теми е потребна јавна дебата.

    -Се друго што ќе произлезе од работната група може да го оставиме понатаму за јавните дебати. Во интерес на времето ние би оделе со постапката за уставните измени, рече Аврамовска Мадиќ.

    Заменик министерката изрази надеж дека разумот ќе постои кај сите 120 пратеници и дека сите ќе се одважат кога ќе дојдат нацрт амандманите во законодавниот дом.

    Exit mobile version