Последни написи

Апелација досуди условна казна за Мијалков за случајот „Плацевите на Водно“

Апелацискиот суд од Скопје со донесената пресуда ја замени затворската казна за ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков со условна осуда, додека ја зголеми затворската казна на поранешниот премиер Никола Груевски од седум на девет години.

Со првичната пресуда на Основниот кривичен суд од Скопје Мијалков беше осуден на една година и три месеци затвор за помагање во кривичното дело „перење пари“. Во пресудата на Апелацискиот суд се вели дека тој бил само помагач и неговите дејствија не биле реални, туку вербални.

Условната казна за поранешниот директор на УБК значи дека затворот од една година и три месеци нема да се изврши, доколку Мијалков во следните четири години не стори ново кривично дело.

Наспроти Мијалков, Апелацискиот суд одлучил дека досудената казна за Никола Груевски е мала и дека Кривичниот суд не ги ценел доволно отежителните околности. Поради ова, Апелација на Груевски му одреди седум години затвор за перење пари и три години и шест месеци за противправно стекнување и прикривање на имот или единствена затворска казна од девет години.

(Извор: Мета.мк)

Latest Posts

Не пропуштај