Последни написи

Лага е дека киднапер се движи околу средното музичко училиште во Скопје

Од МВР додаваат дека лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него.

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира лажните вести кои се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во Скопје.

„Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест, ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест. Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период“, велат од МВР.

Марко Дамевски ја избришал лажната вест кој ја сподели и им се извини на граѓаните.

Од МВР додаваат дека лицето кое ја пласираше оваа лага ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

извор: civilmedia.mk

Latest Posts

Не пропуштај